Голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски за малку ќе ѝ поклонеше гол на Италија после неполни половина час, откако во отворање на една акција во шеснаесетникот му додаде директно на Доминико Берарди, но за среќа не примивме гол.

Димитриевски успеа да се извади, па ударот на Берарди, кој пласираше, го сопре и ја остави нечепната нашата мрежа.