Домаќините уште во 13. минута дадоа гол преку Бранд, но ВАР го поништи погодокот поради играње со рака.
Сепак само осум минути подоцна Марко Ројс од пенал донесе водство за Борусија Дортмунд од 1-0.
Емре Џан го зголеми водството на Дортмунд од 2-0.
Во второто полувреме Лајцпиг преку Форсберг успеа да го намали водството на противникот на 2-1, што беше и конечен резултат.
Дортмунд е прв со 49 бодови, Баерн има три помалку, но Баварците својот меч од ова коло го играат покасно, му гостуваат на Штутгарт.