Со прекрасен гол на Весино, Лацио победи на гостувањето кај Наполи со 1-0, за прв пораз на Наполитанците оваа сезона на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Три огромни бодови за Лацио во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите, освоени на теренот, кај забревтаниот лидер Наполи.
Клучниот момент се случи во 67. минута кога Кварацхелија направи грешка, му спушти една топка на Весино кој со фантастичен шут постигна гол за водство од 1-0.
Наполи до крајот на мечот со сите сили напаѓаше, Елмас во игра влезе во 71. минута, но никој не успеа да ја пробие одличната одбрана на Лацио.
Со оваа победа Лацио дојде на второто место на табелата во Серија А, Интер и Милан допрва ги играат своите мечеви од ова коло.