Црвена Звезда го доби вечното дерби против Партизан со 1-0 и се наоѓа пред освојување на нова шампионска титула. Сега „црвено-белите“ имаат дури 16 бода предност на врвот на табелата во првенството на Србија.
И на овој натпревар меѓу големите ривали имаше голема борба и многу прекини. Победникот го реши еден случаен гол уште на почетокот од мечот.
Во петтата минута од натпреварот, Аргентинецот Алекс Виго сакаше да упати центаршут, топката удри играч на Партизан, го смени правецот и заврши зад грбот на Поповиќ.
Во финишот, „црно-белите“ останаа со фудбалер помалку откако беше исклучен Рикардо.