Аргентинскиот репрезентативец и ѕвездата на ПСЖ, Лионел Меси е добитник на наградата „Лауреус“ за најдобар спортист во светот за 2022 година, а пресудно за тоа беше освојувањето на Светското првенство во Катар.
Меси го освои единствениот голем трофеј кој му недостигаше во богатата колекција, а во изборот за најдобар спортист успеа да ги победи неговиот колега Килијан Мбапе, тенисерот Рафаел Надал, шампионот во Ф1, Макс Ферстапен, кошаркарот Стеф Кари и рекордерот во скок со стап, Арманд Дуплантис.
„Ви благодарам на сите за наградата. Задоволство е да се биде тука и да се добие оваа награда, но фудбалот е тимски спорт. Го исполнив својот најголем сон и го освоив Мундијалот. Во минатото имав многу среќни моменти со Барселона и многу тага со националниот тим, имаше многу пречки, но успеав да станам подобар и да го освојам трофејот“, кажа Меси.