Шведскиот првак Малме, чиј член е нашиот репрезентативец Ердал Ракип, во минатата сезона играше во елитната Лига на шампионите, освои само еден бод во групната фаза, беше фаворит дека ќе стигне до самата завршница од овие летни квалификации, но веќе во втората рунда им заврши сонот за европската елита.
Малме денеска и дома загуби од литвански Жалгирис со 0-2, откако и на гостувањето пред една недела доживеаа пораз со 0-1, па во 180 минути, Швеѓаните не успеаа да дадат ниту еден гол, иако беа фаворити во двомечот. Ојевуси во 34-та и Оливеира во 52-та минута ги дадоа двата гола за литванскиот првак, кој со овој пласман во третото коло си осигура групна фаза најмалку во Конференциската лига.
За Малме целиот меч на клупа го преседе Ракип и не доби шанса, исто како и на првиот меч.
Норвешки Бодо Глимт го здроби северноирски Линфилд со 8-0 за да обезбеди трето коло, откако во првиот меч загубија со 0-1