Барселона успеа да го победи Челзи во трката за Жил Кунде и постигна комплетен договор со Севиља за дефанзивецот.

Каталонците за потписот на Французинот ќе платат 50 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси, а Кунде веќе ги договори личните услови за четиригодишна соработка.
Кунде беше многу блиску до трансфер во Челзи, кој нудеше повеќе пари, но самиот фудбалер инсистираше да се пресели на „Камп Ноу“.
23-годишниот Французин беше голема желба на Чави, кој верува дека ќе биде идеална и долгорочна замена за Пике.
Кунде утре треба да пристигне на лекарски прегледи во Барселона и да го комплетира трансферот.