Милан доживеа невиден дебакл на „Сан Сиро“ против Сасуоло (2-5) во 20. коло на италијанската Серија А, па така направи чекор назад во битката за титулата.

ВАР-технологијата му поништи гол на Жиру во осмата минута, по што Дефрел и Фратези стрелаа за водство од 2-0 на Сасуоло. Жиру потоа намали на 1-2, по што Берарди со гол во 30. минута зголеми на 3-1 за гостинскиот тим.

Лориент и Матеус Енрике беа стрелци во вториот дел за водство од 5-1 на Сасуоло, по што Ориги со спектакуларен гол намали на 2-5.

Милан има 38 бодови на четвртата позиција, додека Сасуоло со 20 бода се искачи на 16. место.

Милан не знаеше што го снајде на „Сан Сиро“ откако доживеа дебакл од Сасуоло. Тоа е втор пораз во низа за Милан со вкупно девет примени гола, а четири меча тимот на Пиоли не знае за победа.