Реал Мадрид синоќа без поголеми проблеми триумфираше во дуелот со Хетафе, но стратегот на Реал, Карло Анчелоти повторно се соочува со проблеми околу составот на тимот.
На паузата меѓу двете полувремиња, во соблекувална остана Антонио Ридигер кого најверојатно го очекува пауза од неколку недели, а Чуамени доби жолт картон и ќе биде суспендиран за следниот натпревар. А, следниот дуел на Реал е против големиот градски ривал Атлетико, во недела на домашен терен.
По ваквиот развој на настаните, Реал остана без стопери во дефанзивната линија. Чуамени не е стопер, но принудно сезонава игра таму поради повредите на другите играчи, но сега и тој нема да му биде на располагање на Анчелоти. Против Атлетико најверојатно како стопер ќе игра Менди кој е бек, но ќе мора да се адаптира на новата позиција. Под водство на Зидан, во сезоната 2020/21, тој на два меча играше како централен одбранбен играч, па сега ќе се потсети на тие денови. Интересно е тоа што на тие два натпревари Реал не прими ниеден гол, а Менди дури и се запиша во листата на стрелците.