Турскиот шампион Бешикташ вечерва на својот Водафон парк доживеа вистинска бламажа.
Бодови во 14. коло од турската Суперлига освои новиот суперлигаш Гиресунспор кој славеше со убедливи 4-0.
Гостите поведоа во 22. минута. Беше досуден пенал, а Диабате беше прецизен за водство на својот тим со 1:0.
На гостите им помогна и фудбалерот на домашната екипа Ујсал, кој беше исклучен во 39. минута по жесток старт на средината на теренот.
Гиресунспор максимално ја користи предноста од играч повеќе во вториот дел кога постигна уште три гола.
Балде погоди за 2:0 во 55. минута од натпреварот, а точка на овој меч стави Сержињо со гол за недостижни 3:0 во 64. минута од натпреварот.
Во 90. минута Гиресунспор постигна уште еден гол кога Шампнес погоди за конечни 4:0.
Бешикташ врза четири порази во низа во првенството и шампионот е само на 10. место со 20 освоени бодови.
Гиресунспор со оваа победа дојде до 13. место и има 16 освоени бодови.