Двајцата македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми го одиграа целиот меч во Разград, кој Динамо го доби со двата гола за три минути во воведните девет, кога Периќ во шестата и Падт со автогол во деветата двапати ја погодија мрежата на Лудогорец, а потоа „модрите“ успеаја да ја одбранат предноста.
Лудогорец се врати во мечот со гол на Текпетеј во 22-та минута и тоа после лоша проценка на првиот дирек на голманот Доминик Ливаковиќ, а потоа бугарскиот првак тотално ги надигра загрепчани, направи низа одлични шанси, но не успеа да се спаси од пораз, иако имаше низа одлични можности да дојдат барем до реми.
Викторија Плзен со 2-1 го победи Шериф Тираспол на гостувањето за да направи како и Динамо голем чекор кон плејофот, а чешкиот првак до победата дојде со пресврт. Аканби во 36-та даде гол за водство на Шериф, но пет минути потоа Чори израмни, а Буча по десет минути во вториот дел донесе триумф за Чесите.