Првото полувреме го одигравме малку во грч, па им дозволивме на Иранките да останат во егал скоро до крајот на полувремето. На одмор заминавме со плус 3 голови (11:8), а веќе во второто полувреме до израз дојде нашиот вистински квалитет.
Предводени од триото Дускоска, Ризоска, Младеновска, на кој им се приклучи и Јанкуловска, нашата репрезентација константно ја зголемуваше предноста и на крајот дојде до нов убедлив триумф.
Најефикасна во нашиот состав со 6 гола беше Дускоска, додека Младеновска, Ризовска, Јанкуловска и Коцева завршија со по 4 гола.