Ракометарите на Е. Пелистер за прв пат во клупската историја обезбедија пласман на завршниот турнир во СЕХА лигата кој и оваа година ќе се одржи во Задар во периодот од 2 до 4 септември.
Во полуфиналето и битка за големото финале, битолскиот колектив ќе мора да удри на силниот Веспрем, меч кој ќе се игра во петок од 20:30 часот.
Во првото полуфинале кое почнува во 18 часот ќе се сретнат хрватските ривали Загреб и Нексе.
На 4 септември од 16.30 часот е закажан натпреварот за третото место, додека финалето ќе се игра од 19.00 часот.
Според првите информации, влезниците за мечот против Веспрем ќе бидат достапни за 600 денари.