Победата добива поголема тежина, бидејќи селекторот Кирил Лазаров во Оран замина со млади играчи, кои одиграа максимално против Грција.
“Не очекував висок триумф. Одигравме максимално сконцентрирано и фокусирано”, е коментарот на Кирил Лазаров
Денеска против Алжир, домаќинот на Медитеранските игри ќе биде далеку поинаков меч, бидејќи ќе настапи во комплетен состав и најважно игра пред домашна публика.
“Алжир сериозно се подготвува за афричките игри кои се на програма по Медитеранските игри.
Ќе биде многу тежок меч затоа што Алжир е комплетен со сите интернационалци кои играат во Европа. Вистински предизвик за нашите млади ракометари. Мора да се бориме и да веруваме во она што сме го сработеле на треннинг. Полна сала и огромен притисок не чека на овој дуел”, додава селекторот на нашиот национален тим.