Англискиот премиерлигаш Челси инсистира на трансферот на холандскиот дефанзивец Матијс де Лихт од Јувентус. Раководството на клубот е подготвено да плати 100 милиони евра за да го доведе на „Стемфорд бриџ“.
Тие се обидуваат во трансферот да ги вклучат и Тимо Вернер и Кристијан Пулишиќ, но „старата дама“ сака само пари.
Јувентус смета дека Челси треба да плати 120 милиони евра, колку што е откупната клаузула на младиот Холанѓанец.