Садио Мане се пресели во Баерн Минхен, а наместо него во спротивен правец би можел да оди во Ливерпул – Серж Гнабри?!

Иако Ливерпул го доведе Дарвин Нуњез, кој се предвидува дека ќе биде стартер на местото на Садио Мане, клубот го напуштија и Минамино и Дивок Ориги, па Јирген Клоп остана „краток“ во напаѓачката ротација.

Покрај сето ова, решение за компликациите околу договорот на Салах се уште не е на повидок, па не е изненадување што Ливерпул е во потрага по уште еден офанзивец.

Гнабри влезе во последната година од договорот со Баерн Минхен, не е задоволен од понудата, а клубот сака да го продаде за да не замине без отштета следното лето.

Гнабри игра на десната крилна позиција, а за Баерн одигра 171 натпревар, постигна 64 гола и додаде 40 асистенции.