Екипите на Брајтон и Ливерпул одиграа возбудлив натпревар кој заврши нерешено 2-2, истиот резултат беше и на дуелот меѓу Вест Хем и Њукасл. Немаше победник ниту во пресметката Вулверхемптон – Астон Вила кој заврши 1-1.
Брајтон одлично го започна натпреварот, во 20. минута со гол на Адингра поведе со 1-0, но полувремето заврши со предност на Ливерпул. Салах во 40. минута израмни на 1-1, а во судиското продолжение од првиот дел погоди од пенал за комплетен пресврт и водство на црвените од 2-1.
Во 78. минута Данк реализираше за конечни 2-2. До крајот и двете екипи имаа шанси за победа, но немаше промена на резултатот.
Дуелот помеѓу Вест Хем и Њукасл исто така заврши 2-2.
Соучек во осмата минута погоди за водство на Вест Хем од 1-0, во првиот дел, па следуваше петминутно шоу на шведскиот интернационалец Исак кој во 57. и 62. минута постигна два гола за комплетен пресврт и предност на Њукасл од 2-1.
Гостите ја држеа предноста до 89. минута, а тогаш Кудус го изедначи резултатот на 2-2.
Немаше победник и на дуелот меѓу Вулверхемптон и Астон Вила кој заврши 1-1. Хвонк Хи Чан во 53. минута донесе водство за Вулвс, Торес две минути подоцна погоди за реми.