Баер предводен од Чаби Алонсо продолжува со одличните игри во Бундеслига, денес славеше над Келн со убедливи 3-0.
Хофман го отвори резултатот во 22. минута, а десет минути подоцна Фримпонг постигна гол за водство на Леверкузен и од 2-0.
Во 67. минута Бонифејс постигна погодок за конечни 3-0.
Со овие три бода Баер Леверкузен се врати на врвот на табелата со бод пред Штутгарт. Фармацевтите по седум одиграни натпревари имаат шест победи и едно реми.