Фудбалерите на Лацио и Аталанта одиграа исклучително интересен натпревар на Олимпико во Рим, кој го добија домаќините со 3-2 со голот на Весино во финишот од натпреварот.
Домаќините рано направија предност од 2-0. По само пет минути игра Де Кетеларе постигна гол за водство на Лацио од 1-0, а веќе во 11. минута Кастељанос погоди за 2-0.
Во 33. минута Едерсон реализираше за Аталанта и го врати својот тим во игра, а во 63.минута Колашинац погоди за израмнување на 2-2.
Триумфот го донесе на седум минути до крајот Весино со гол за Лацио и победа од 3-2.
Во истиот термин се одигра и дуелот меѓу Фросиноне и Верона кој го добија домаќините со 2-1.