Манчестер Сити оствари убедлив триумф (1-5) на гости против Вулверхемптон и повторно има три бода предност пред Ливерпул на врвот на табелата во Премиер – лигата. До крајот на шампионатот остануваат уште две кола.
Кевин де Брујне беше неверојатен на овој дуел и постигна четири гола за „граѓаните“. Белгиецот го отвори резултатот во седмата минута, а израмни Дендонкер само четири минути подоцна.
До крајот на првиот дел сепак Де Брујне погоди уште двапати. Но, и тука не застана, и во второто полувреме постигна погодок за 1-4, а последниот погодок беше дело на Рахим Стерлинг во 84.минута.