Фудбалерите на Ајакс на едно коло до крајот на првенството во Холандија ја одбранија шампионската титула, откако вечерва, на домашен терен, убедливо го совладаа Херенвен (5-0).

Ова беше 36. трофеј за составот од Амстердам, со кој го испратија тренерот Ерик Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, на чија клупа ќе седи од следната сезона.

Ајакс сега има четири бода предност пред ПСВ, кој исто така победи вечерва во дуелот со НЕК Нејмингем (3-2), што беше доволно уште вечерва да го прослави големиот успех.