Милан киксна во Торино играјќи без голови и не го искористи киксот на Наполи против Фиорентина. Тео Хернандез го најде виновникот за овој резултат .

Играчите и тренерите наоѓаат причини за неуспех, честопати бизарни. Така Тео Хернандез најде причина за ремито на Милан во Торино.

Тој смета дека Милан не успеал да победи бидејќи избраниците на Јуриќ го задржувале натпреварот сите 90 минути.

“Дадовме се од себе, но не успеавме да победиме. Ова се тешки мечеви , сите сакаат да извлечат добар резултат против Милан. Крадеа време во текот на сите 90 минути, па не беше лесно да се победи”, изјави Хернандез.

Хернандез додава дека Милан има се што е потребно за да ги забележи сите победи до крај.

Само ако другите не крадат време…