Играчот од средниот ред на Брентфорд, Кристијан Ериксен ја одби понудата на Манчестер Јунајтед. Неговиот договор со „пчелите“ истекува и тој е слободен агент.
Клубот од „Олд Трафорд“ сака да го доведе и да ја пополни празнината на средината на теренот оставена по заминувањето на Пол Погба, Немања Матиќ и Хуан Мата, но се чини дека Данецот има други планови.
Јунајтед го контактираше Ериксен и му даде конкретна понуда, но тој веднаш одговорил дека не сака трансфер. Главната причина за тоа е што играчот сака да остане во Лондон, каде што се чувствува добро.
Така, Ериксен останува со две опции за продолжување на кариерата. Едната е да потпише нов договор со Брентфорд и да остане во овој клуб. Другата опција за него е да се врати во Тотенхем, кој исто така сака да го доведе ова лето.
Иако Брентфорд е клубот кој верува во Ериксен и му даде шанса да ја оживее кариерата, која како да заврши откако доби срцев удар за време на ЕП 2020, Тотенхем може да има предност во битката за Данецот. Тоа лежи во фактот дека тимот на Антонио Конте во новата сезона ќе игра во Лигата на шампионите.