Со голот на Роберт Левандовски во 20 минута, екипата на Барселона успеа да дојде до трите бодови на гостувањето кај Мајорка во 7. коло на Ла Лига. Полскиот напаѓач успеа да се ослободи од својот чувар и маестрално да го погоди небранетиот дел од голот на гостинскиот голман.

Каталонците привремено ќе избијат на првото место на табелата со 19 бодови, еден повеќе од лутиот ривал Реал Мадрид, кој утре ја пречекува Осасуна.