Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски смета дека најважни се трите бода од мечот со Лихтенштајн а со Германците ќе мора да одиграме на врвно ниво за да оствариме поволен резултат.
„Нема што да се зборува, сите сакаат да се надигруват без разлика на големината на противникот. Добро одигравме со Лихтенштајн и победа си е победа, убаво е кога ќе освоиш три бода. Секој селектор има свои идеи и новости, така и Милевски. Дојде до освежување во репрезентацијата, ние сме професионалци и тука сме да одиграме на што е можно подобар начин. Има натпревари против подобри или послаби ривали, ама идеите се тие, во зависност од противникот наше е да одговориме на теренот. На натпревар со ривал од калибарот на Германија, мора да се одговори на врвно ниво на тактичката подготовка за да се дојде до позитивен резултат.” – вели Ристовски.
“За мене секој натпревар е искуство, без разлика со кој играте. Фудбалот носи изненадувања. Натпреварување како Европско првенство, ќе го паметиме и ќе ни биде од големо значење и искуство. Гиганти како Германија не ти даваат простор за грешки. Видовме и самите дека мора да си фокусиран 90 минути, ситните грешки даваат брза реализација. Се работи за мене лично најголемата репрезентација на светот. Ќе треба голема тактичка дисциплина за да дојдеме до позитивен резултат. Победата над Германија треба да ја оставиме на страна. Не треба да се залажуваме премногу. Спортски и човечки е да се надеваме, ама со големи репрезентации моето искуство од натпреварите мора да се запази сè за да се дојде до позитивен резултат. Репрезентации како Германија секогаш одат на победа. Зошто да не се повтори успехот од Дуизбург, наше е да се надеваме. Имаме играчи од голем калибар кои се носители на игра во своите клубови, па ако се поклопат коцките можеме пак да изненадиме. Сакаме да останеме во врвот, математиката е јасна, мора да се освојат што е можно повеќе бодови“, дополни Ристовски.