Навивачите на Унион Берлин традиционално секоја година на Бадник се собираат на својот стадион за да го прослават христијанскиот празник Божиќ и пеат навивачки песни посветени на нивниот клуб. Околу 50.000 фанови синоќа создадоа фантастична атмосфера во Берлин, која инстантно се прошири на социјалните мрежи. Оваа идеја се роди пред 21 година, а во меѓувреме „Божиќ на стадион“ прерасна во традиција и спектакл.

https://twitter.com/i/status/1738628265282011185