Езгијан Алиоски вечерва очекува да го има својот деби настап за екипата на Ал Ахли во Првата лига во Саудиска Арабија. Нашиот репрезентативец не го продолжи договорот со премиерлигашот Лидс и како слободен агент пристигна на арабискиот полуостров.

Пред да потпише за Ал Ахли блиску беше до преселба во Турција, но на крај одлучи да ги прифати одличните услови во Саудиска Арабија.