Македонската фудбалска легенда Горан Пандев преку инстаграм им се заблагодари на навивачите и раководството на Џенова. Текстот го пренесуваме во целост:
“Серија А започнува во сабота и горд сум што можам повторно да го облечам овој дрес. Сакав да се заблагодарам на Претседателот, целиот клуб, тренерот, персоналот, моите соиграчи и сите мои фанови. Ви благодарам на сите до еден за сите пораки што ми ги испративте за да ме убедите да останам. Едвај чекам да ве поздравам на “Луиџи Ферарис”! Напред Грифоне(навивачката група)!” – напиша Пандев.