Саботните квалификациите за ЕП беа отворени во Зеница со натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Финска, а гостите славеа и ја оставија БиХ без надеж за дополнителни квалификациски .
Фудбалерите од Босна и Херцеговина ги загубија шансите за пласман на Светското првенство во Катар. Во клучниот меч за борбата за второто место во групата, Финска беше подобра од БиХ во Зеница и се искачи на второто место.
БиХ остана на четвртото место со седум бодови, па не може да стигне до второто место ниту во случај со победа над Украина во последното коло, но може да им го отежне животот на Украинците бидејќи на Украина и е потребна победа а и позитивен исход на мечот меѓу Финска и Франција.
Босна остана без својата најголема ѕвезда Един Џеко, а тоа го искористија Финците во одличните први 50 минути кога успеаја да постигнат два гола, да промашат пенал, но и да добијат црвен картон.
Во 25. минута Миралем Пјаниќ направи пенал кој не го искористи Тему Пуки бидејќи Ибрахим Шехиќ го одбрани ударот, но само четири минути подоцна Финците поводеа преку Маркус Форс.
Во 37. Финска останува со играч помалку по црвениот за Јука Раитала, но на почетокот на вториот дел Робин Лод зголемува водството на 2:0.
Амер Гојак нафрли од слободен удар во 69. минута, а Лука Менало беше најснаодлив за намалување на водството кое многу брзо беше вратено на два разлика, веќе во 73. минута кога погоди Даниел О’Шонеси.
Сега Финска има се во свои раце пред последното коло, додека БиХ гледа на нов циклус и шанса.