Стратегот на Барселона, Чави одлучи да го земе младиот Ламине Јамал во првиот тим за мечот против Атлетико Мадрид од Ла Лига.
Јамал е роден во јули 2007 година, има само 15 години, но Чави има високо мислење за него и го повика за дуелот со Атлетико.
„Верувајте ми, Ламине Јмалан има навистина неверојатни вештини. Тој може да обележи една ера во овој клуб“, вели Чави.
„Не се плашиме што го повикавме, Ламине може да ни помогне нас и покрај тоа што има само 15 години. Тој е голем професионалец и талент“.
Барселона веќе е во контакт со агентот Жорж Мендеш кој треба да подготви професионален договор за Јамал. Тој се смета за еден од најголемите дијаманти од Ла Масиа.