Крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле, нема да се врати во тимот на дербито против Атлетико Мадрид, како што беше прелиминарниот план на Каталонците.

Французинот продолжува да се опоравува од повредата со која се здоби на крајот на јануари. Барса одлучи да не го ризикува неговото здравје.

Осман Дембеле ќе го пропушти и гостувањето кај Рајо Ваљекано во многу напорната недела со натпревари распоредени во три дена.

На 29 април, Барселона му гостува на Бетис и се очекува тогаш Дембеле повторно да биде во плановите на тренерот Чави Хернандез.

Барселона моментно има 11 бода предност на врвот во Ла Лига, но, сепак, избраниците на Чави не успеаја да постигнат гол во последните два натпревари против Хетафе и Џирона, па враќањето на Дембеле ќе биде одлична вест за стратегот на каталонците.