Наполи ќе мора да сочека барем уште неколку дена пред официјално да се круниса за првак, зашто попладнево Салернитана им ја расипа  прославата и забавата на „Диего Марадона“ со ремито 1-1 во 32-то коло.

Имаше Наполи отворен пат кон официјализација на титулата после поразот на Лацио, па Матијас Оливера по еден час игра донесе предност и кога полека навивачите се загреваа за вистинската ерупција Булаје Дија ги замолкна распеаните навивачи на наполитанците со голот во 83-та минута, како казна за неколкуте промашени шанси во меѓувреме да го затворат натпреварот и да ја осигураат круната.

Наполи цел беше накитен и спремен за шампионско славје, но барем сега тоа славје е одложено. Наполитанците имаат плус 18 бодови пред Лацио, но Јувентус вечерва може да дојде на второ место и на минус 17 од лидерот, што би значело дека во Удине, ќе биде следната меч топка за трета шампионска титула, прва по пауза од 33 години.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас играше во последните пола час имаше еден слалом во стил на Марадона, ама не даде гол.

https://twitter.com/JoueursSN/status/1652686954742382592?s=20