Баерн Минхен триумфира над Херта со 2-0 и повторно се врати на врвот на табелата во Бундес-лигата. Баварците повторно се сега во пол-позиција за освојување на титулата, користејќи го „киксот“ на Борусија Дортмунд (1-1) против Бохум.

Херта одолеваше повеќе од еден час, но Серж Гнабри успеа да го разбие бедемот на гостите во 69.минута од дуелот.

Десет минути подоцна Кингсли Коман зголеми на 2-0 и го потврди триумфот и враќање на Баерн на лидерското место.

.