Каталонските медиуми фантазираат за големите зделки на Барселона во текот на претстојната зима и лето. Тие сонуваат да ги „доведат“ најбараните играчи во светот, како Ерлинг Халанд или Душан Влаховиќ, преку нивните колумни во весниците, но реалноста е радикално поинаква.вели: благајната на Ноу Камп е празна до таа мера што Жоан Лапорта не може да финишира трансфер кој е договорен уште летово.
Ова е случајот со Јусуф Демир. Тинејџерот од виенски Рапид беше најавен како еден од најголемите таленти во Европа. Каталонците во јули триумфално се пофалија дека го грабнале ова момче пред Баерн и Дортмунд, и пред ривалите од Манчестер, но само шест месеци подоцна мора да признаат – пораз.
Имено, Барса на Рапид му платила 500.000 евра за време на позајмица на Демир и се договорила откупната клаузула автоматски да се активира кога младиот австриски репрезентативец го игра десеттиот натпревар за првиот тим. Во тој момент, Шпанците би добиле обврска да му платат на клубот од Виена отштета од 10.000.000 евра и да потпишат повеќегодишен договор со Јусуф Демир.
На неколку дена пред Нова година ситуацијата е следна: Демир има девет настапи на своето конто и Лапорта го контактирал Рапид за да побара споменатата клаузула да биде тргната од договорот. Причината? Каталонците немаат 10.000.000 на располагање, а го нудат Рапид да го користат Демир до крајот на сезоната.