Фудбалерите на Ајнтрахт ја освоија Лигата на Европа. До трофејот дојдоа по подобро изведување на пеналите. Во регуларниот дел беше 1:1, а истиот резултат остана и по продолжението.
https://twitter.com/brfootball/status/1527044995693305858?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1527044995693305858%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fembed%2Flb%2F%3Fliveblog_id%3D6090class_id%3D390
Првото полувреме не донесе многу возбудувања. Најинтересниот момент се случи во петтата минута кога судијата од Словенија, Славко Винчиќ, му „прости“ црвен картон на играчот на Ренџерс, Лундстрам, по невнимателниот старт над Роде.
Ајнтрахт беше подобар ривал во првиот дел од натпреварот. Првата убава прилика германскиот тим ја имаше во 20. минута кога младиот Кнауф одлично мина по десната страна, добро шутираше, но искусниот голман Мекгрегор одлично го запре неговиот удар и ја изби топката во корнер.
По одлично изведениот корнер, Линдстром остана на работ од шеснаесетникот, но шутираше многу лошо, топката среќно се одби до Ндика, кој шутираше со глава над голот.
Првиот посериозен напад Ренџерс го имаа во 26. минута, Арибо шутираше од работ на шеснаесетникот, а топката заврши покрај голот.
Српскиот репрезентативец Филип Костиќ беше многу добар во првиот дел од натпреварот, постојано продираше по левата страна, а можеше да го доведе Ајнтрахт во водство во 30. и 32. минута, и двата пати топката заврши покрај голот по неговиот удар.
Ајнтрахт можеше да поведе по само две минути игра во вториот дел. Линдстром шутираше од далечина, топката на патот кон голот погоди еден одбранбен играч на Ренџерс и заврши на неколку сантиметри покрај голот на Мек Грегор.
Уште еден контроверзен детал од натпреварот беше забележан во 52. минута кога напаѓачот на Ајнтрахт, Сантос Боре беше соборен во шеснаесетникот на Ренџерс, но судијата Винчиќ оцени дека нема доволен интензитет да покаже на белата точка.
Ренџерс поведе во 57. минута. Најпрвин Соу реагираше лошо на средината на теренот и ја испрати топката назад во својот шеснаесетник, стоперот Тута се лизна, а Џо Арибо го искористи тоа и рутински ја смести топката во мрежата.
Голема грешка во 67. минута направија и дефанзивците на Ренџерс кои му ја подарија топката на Роде, кој одлично го уфрли напаѓачот Камада, но тој ја испрати топката над голот.
Притисокот на Ајнтрахт беше крунисан во 69. минута, кога Филип Костиќ одлично центрираше по земја, а Рафаел Сантос Боре мајсторски ја испрати топката во мрежата за израмнување.
Последната можност во регуларниот дел од натпреварот Филип Костиќ ја пропушти во 88. минута. Србинот одлично шутираше од тешка позиција, но топката заврши покрај голот.
Ајнтрахт беше подобриот тим во првото продолжение, избраниците на Оливер Гласнер можеа да постигнат гол уште во петтата минута . Сантос Боре се најде во одлична ситуација, но стоперот Баси одлично реагираше и ја отстрани опасноста.
Во 118. минута Кент имаше колосална шанса да му го донесе трофејот на Ренџерс. Резервистот Руф одлично мина по десната страна, уште подобро го проигра Кент, но неговиот удар од фантастична позиција мајсторски го одбрани Трап. Во последната минута го испроба Таверније од слободен удар, а Трап уште еднаш одлично интервенираше.
Капитенот на Ренџерс, Џејмс Таверние ја отвори пенал серијата и погоди, а Кристофер Ленц прв стрелаше за Ајнтрахт, Мек Грегор немаше шанса. Искусниот Стивен Дејвис го шутираше вториот пенал за Ренџерс и постигна гол, како и Ајдин Хрустиќ за Германците. Скот Арфилд ја започна третата серија и со силен удар го совлада Трап, Таичи Камада стрелаше за Ајнтрахт и од левата статива ја испрати топката во голот. Во четвртата серија топката ја зеде Арон Рамзи, шутираше лошо, па Кевин Трап му одбрани пенал, Филип Костиќ ја зеде топката по Рамзи и постигна гол за водство на Ајнтрахт. Руф погоси за Ренџерс со гол во петтата серија, а потоа Сантос Боре реализираше пенал за титула на Ајнтрахт.
https://www.youtube.com/watch?v=ANxUdLdqJVQ