Екипата на Вердер од Бремен со 1-0 победи на гостувањето кај Келн во првиот натпревар од 22. коло во Бундеслигата.
Клучниот момент се случи во 70. минута кога Њунмах постигна гол за водство на Вердер од 1-0, што на крај се покажа и како конечен резултат.
Келн води грчевита битка за опстанок во Бундес лигата, но не успеа да го искористи домашниот терен, за да освои барем бод против солидниот тим на Вердер.
Со новите три бода, Вердер се искачи на седмото место на табелата со 29 бода, три помалку од позицијата која носи во квалификациите за Лигата на конференции.