Екипата на Интер со убедливи 4-0 ја декласира Салернитана за која на клупата на овој меч дебитираше новиот тренер, Ливерани.
Раководството на Салернитана не дозволи братска пресметка денеска откако по минатото коло му даде отказ на Пипо Инзаги.
Фудбалерите на Интер уште во првото полувреме го решија натпреварот со „фенерџијата“ во првенството и успеаја да зачуваат сили за она што следи, првиот меч во осминафиналето на Лигата на шампионите со Атлетико Мадрид.
Симоне Инзаги немаше милост кон фенерџијата, па Интер брзо им ја наполни мрежата.
По само 45 минути беше решен победникот на мечот, во првото полувреме со голови на Турам, Лаутаро и Думфрис Интер водеше со 3-0.
Пред самиот крај на мечот Арнаутовиќ ги постави конечните 4-0.
Пред овој дуел се одигра и мечот меѓу Торино и Лече кој го добија домаќините со 2-0.