Кошаркарите на Голден Стејт победија на гостувањето кај Јута џез со 140:137 во меч на кој во главна улога беше Клеј Томпсон. Ѕвездата на Воините беше шокиран кога разбра дека нема да биде стартер на мечот, што му се случува прв пат по пауза од 12 години.
Од 2011/12 која беше дебитантска за Томпсон, овој играч постојано имал загарантирано место во стартниот тим и тоа на 727 мечеви по ред, се до гостувањето кај Јута. Оваа одлука на тренерот Стив Кер, Томпсон да биде резерва се покажа како вистински потег, затоа што кога ѕвездата се појави на теренот, едноставно блесна.
Шутерот на Голден Стејт го одигра најдобриот меч сезонава и за само 28 минути постигна 35 поени од кои седум погодени тројки од само 13 обиди. На крајот, Клеј Томпсон беше најзаслужен за јубилејната 500 победа на Кер како тренер на Воините.
Милвоки бакс е во лоша серија и го загуби седмиот меч во последните 10 средби. Овојпат подобри од Бакси беа Мемфис гризлис кои славеа со 113:110. Најубедлива победа оствари Минесота и тоа на гости кај Портланд со 128:91.