Екипите на белгискиот Унион Сен Жилоа и Ајнтрахт Франкфурт одиграа реми 2-2 во првиот осминафинален натпревар од Конференциската лига. Германците имаа два гола предност на полувреме со головите на Шаиби и Калајџиќ, но Расмусен и Нилсон сепак го спасија белгискиот тим од пораз.

Унион Сент Жилоа имаше негатива од два гола по само десет минути игра.

Германскиот состав водеше на полувреме со 0-2, но во вторите 45 минути головите на Расмусен и Нилсон донесоа голема радост за Унион, кој обезбеди позитивен резултат пред реваншот во Франкфурт. Домашниот состав од 78. минута играше со човек помалку, откако втор жолт картон заработи Ванхут.

 

На останатите натпревари, австрискиот Штурм Грац обезбеди солидна предност пред реваншот и славеше со 4-1 над словачкиот Слован Братислава , норвешкиот Молде со 3-2 ја совлада полска Легија Варшава, додека грчки Олимпијакос извојува минимален триумф над унгарски  Ференцварош со 1-0.