Италијанскиот гигант екипата на Милан одигра моќна партија, постигна убедлив триумф од 3-0 против францускиот Рен на „Сан Сиро“ и на чекор веќе е во осминафинале на Лигата на Европа. Но ќе следи и реванш во Франција. Рубен Лофтус-Чик беше херојот на „росонерите“. Тој донесе водство за Милан во 32.минута, а потоа зголеми и на 2-0 во 47.минута. Третиот гол беше дело на Рафаел Леао по една прекрасна акција на тимот на Стефано Пиоли.
Бенфика го победи Тулуз со 2-1, со двата гола од пенал на Анхел Ди Марија. Аргентинецот постигна победнички погодок во 98.минута од дуелот.
Карабах ја декласира Брага на гости со 2-4, додека Ленс и Фрајбург одиграа без голови.