Челзи им се врати на победите во Премиерлигата по двете ремија по ред откако вечерва славеше на гостувањето кај Астон Вила со 3-1 во рамки на 19.коло.

Сите голови на „Вила Парк“ всушност беа дело на „сините“, бидејќи Рис Џејмс се постигна автогол во 28.минута за водство на домашните од 1-0. Жоржињо израмни од пенал во 34.минута, а Ромелу Лукаку направи целосен пресврт откако реализираше со глава во 56.минута.

За Белгиецот тоа беше прв гол во Премиерлигата уште од 11.септември. Точка на победата на Челси стави Жоржињо со својот втор гол од пенал во 93.минута.

https://twitter.com/CalteckHub/status/1475176513800749065?s=20