Еден од најталентираните млади фудбалери кој настапува во Македонската Прва лига, Лука Станковски ќе ја продолжи својата кариера во Турција, каде што потпиша договор со тимот на Газиантеп.
Тој прави трансфер директно од Македонија, од тимот на Работнички.
Станковски долго време е поврзуван со трансфер во странство, но од сите понуди кои во моментов У21 репрезентативецот ги имаше, се одлучи да замине во Турција, за сума од 650.000 евра.
Претходно Станковски веќе имаше преддоговор со Италијанскиот тим Монца, но поради административни пречки, тој остана уште шест месеци дел од тимот на Работнички. Офанзивецот сега дефинитивно заминува во странство, каде што ќе има можност да ја подигне својата кариера на едно сосема поинакво ниво.