Интер бранителот на пехарот во Купот на Италија, со минимална победа се пласира во полуфиналето на италијанскиот Куп.

Нераѕурите славеа победа во четвртфиналето против Аталаната, а им беше доволен само еден гол. Иако имаа иницијатива и еден дирек во првиот дел, сепак тој погодок дојде во второто полувреме.

По една акција во 57. минута, Дармијан беше во позиција да шутира од шеснаесетникот и тоа го направи успешно со што го одлучи натпреварот. Интер е осумкратен освојувач на Купот на Италија, а во одбраната на минатогодишниот трофеј ќе продолжи против подобриот од дуелот Лацио – Јувентус. Тој натпревар се игра во четврток.