Партизан убедливо го победи Асвел Вилербан со 92-71 во дуел од Евролигата во кошарка, и ја прекина мини-серијата на тимот од Лион од две победи по ред.
Белградските кошаркари доминираа во првите три четвртини, но малку попуштија во нападот во финишот, па затоа не постигнаа 100 поени како против Монако кога најавија дека им лежат француските ривали, барем на мечевите во Белград.
После 22 кола, Партизан кој се бори за влез во плејофот, има биланс 11-11, и сега е пред Црвена ѕвезда која има 10-11, а во моментов губи од Виртус Болоња и веројатно ќе биде на 10-12.
Капитенот Кевин Пантер беше најефикасен во тимот на Партизан со 22 поени, Ексум постигна 13, Лесор 12, а Нанели 10 поени. Кај Асвел Јусуфа Фал и Понс со по 14 поени беа најефикасни.
Кошаркарите на Барселона и Валенсија исто така остварија победи. Барселона пред своја публика го совлада Макаби со 83:78 и дојде до 14 победа за второ место на табелата. Валенсија на домашен терен беше подобра од Баерн со 82:73 за четвртата последователна победа во елитното натпреварување.