Тимот со најголем подем оваа сезона во англискиот фудбал, Њукасл и по вторпат го победи Саутхемптон, на реваншот со 2-1, и се пласира во финалето на Лига купот на Англија. Страчките победија и на првиот натпревар со 1-0.
Ривал на Чавките на „Вембли“ во Лондон, во битката за трофејот би требало да им биде Манчестер јунајтед, кој утре дома треба да го потврди пласманот во финалето, откако првиот меч против Нотингем форест го доби со 3-0.
Единствена лоша работа за Њукасл е што директен црвен картон доби Бруно Гимараеш, па Бразилецот ќе пропушти три меча во Премиер лигата.
Ова е прво големо финале за Њукасл, по 1999 година, кога играше завршница во ФА-купот. Но и тогаш загуби, па затоа последниот голем пехар во клубот датира уште од 1969 година, од Купот на саемски градови.
https://twitter.com/Reinaldodcg9/status/1620518552934715392?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1620518552934715392%7Ctwgr%5Ef5e6b53a08c1a134f638a64c78a297a651f4909e%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Fnukasl-odi-na-vembli-ke-igra-liga-kup-finale-protiv-manchester-junajted-video%2F