Никола Јокиќ имаше уште една феноменалнаа партија за Денвер Нагетс, вчера со голема поддршка од Мареј го победија тимот на Њу Орлеанс со 122-113.

Српскиот кошаркар доминираше на теренот, запиша страшен трипл-дабл, постигна 26 поени, имаше 18 скокови и 15 асистенции, и беше најдобар во својот тим.

Но, голема поддршка овојпат имаше и од неговиот соиграч, Џамал Мареј кој беше најефикасен на теренот со 32 поени. Џонс и Мекалум постигнаа по 21 поен за Њу Орлеанс.

 

Трипл-дабл синоќа постигна и Леброн Џејмс за Лос Анџелес Лејкерс кој по продолжение дојде до гостинска победа кај Њујорк со 129-123.

Леброн постигна 28 поени, имаше 10 скокови и 11 асистенции, Ентони Дејвис реализираше 27 поени. Најдобар во тимот на Њујорк и најефикасен на мечот, беше Брансон со 37 поени.

 

Резултати:
Кливленд – Мајами 97:100
Њујорк – ЛА Лејкерс 123:129
Чикаго – ЛА Клиперс 103:108
Милвоки – Шарлот 124:115
Денвер – Њу Орлеанс 122:113