Кошаркарите на Партизан беа поразени пред 19.000 навивачи во белградска „Штарк Арена“ од турска Бурса со резултат 103:95 по продолжение. во осминафиналето на Еврокупот и со тоа го завршија учеството во ова натпреварување, иако беа големи фаворити. По 40 минути резултатот гласеше 84:84. Домашните имаа колосална можност да го решат натпреварот во своја корист во регуларниот дел од играта, но предноста од пет поени не успеаја да ја зачуваат во последната минута од натпреварот поради серијата грешки.
Турскиот претставник во четвртфиналето ќе игра против Цедевита Олимпија која лесно го елиминира Турк Телеком.
На тој начин избраниците на Жељко Обрадовиќ не успеаја да го добијат финалето на Еврокупот и пласманот во Евролигата следната сезона, па до таа цел ќе се обидат да стигнат преку АБА лигата.
Партизан беше фаворит во овој натпревар бидејќи групната фаза од натпреварувањето ја заврши на второто место во групата А, додека Бурса беше седма во групата Б. Од оваа сезона во Еврокупот е на сила нов формат според кој еден натпревар одлучува кој оди во следната рунда, а овој пат ваквиот систем на натпреварување беше кобен за црно-белите.
Финишот се одигра така што долго ќе се прераскажува – Партизан имаше +5 во самиот финиш од мечот и со низа нелогични грешки го доведе противникот во ситуација да се бори за продолженија. Мадар направи непотребен фаул, одбраната на црно-белите и дозволи на противничкиот играч да шутира тројка на седум секунди до крајот кога имаше три поени предност. На истекот на времето од четвртата четвртина, Пантер со шут за тројка не успеа да донесе победа на домашниот тим пред 19.000 навивачи.
Во продолжението Партизан беше психички скршен, не го следеше темпото на ривалот, кој погоди некоја тројка и дојде до предност која црно-белите немаа сили да ја достигнат. Крајниот резултат беше 103:95 за гостите.