Фудбалерите на Манчестер Сити се радуваа на „Итихад“ против Брајтон со 3-0 (0-0) во заостанатиот натпревар од 30. коло на Премиер лигата. „Граѓаните“ на Пеп по три натпревари пауза се вратија на победите, откако врза ремија со Ливерпул и Атлетико, па загуби од „црвените“ во ФА Купот.
Сити одигра доминантно, ама Брајтон перфектно се бранеше. Иако домаќинот притискаше во текот на целото прво полувреме, гостите се одбранија и не дозволија сериозни закани по својот гол.
Отпорот на Брајтон „пукна“ во 53. минута со погоодкот на Марез. Алжирецот проби по десната страна и со добар удар го измами Санчез за 1-0. Марез по голот, успеа и да асистира. Сити дојде до двојна предност во 65. минута, преку Марез. Младиот офанзивец доби топка од Марез, без размислување биеше и со помош на блокот стигна до гол за 2-0. Конечниот резултат беше поставен во 82. минута преку Бернардо Силва по асистенција од Де Брујне. До крајот на дуелот „граѓаните“ рутински ја завршија започнатата работа и прокнижија три бода. Манчестер Сити се врати на врвот и има бод предност пред ривалот Ливерпул во трката за трофејот.