Тијаго Мота со триумф од 3-0 над Комо стартуваше на кормилото на екипата на Јувентус, ова беше прв меч и за Сеск Фабрегас како тренер во Серија А, кој нема да го памети по добро.

Јувентус важеше за голем фаворит на овој дуел а таков беше и односот на силите на теренот. Торинскиот гигант беше оној кој создаваше шанси.

Резултатот беше отворен во 24. минута кога по асистенција од Веа, младиот Мбангула постигна гол за водство на Јувентус од 1-0.

Пред самиот крај на првото полувреме и Веа постигна гол по додавање од Јилдиз за удвојување на предноста од 2-0.

На почетокот од вториот дел Влаховиќ постигна гол, но погодокот му беше поништен поради офсајд.

Во судиското продолжение од натпреварот, Камбијасо со силен удар постигна убав гол од далечина за конечни 3-0.

https://twitter.com/i/status/1825632888697868733