Актуелниот италијански шампион Наполи славеше против Калјари со 2-1 во тежок натпревар и се искачи до четвртата позиција во Серија А.

Сите три гола беа постигнати во период од 69. до 75. минута од дуелот. Осимен донесе водство за Наполи, па Паволети израмни на 1-1, но потоа Кварацхелија погоди за конечни 2-1 по извонредната асистенција на Осимен.

Наполи се наоѓа на четвртото место во Серија А со 27 бодови, односно 11 помалку од лидерот Интер, додека Калјари е на 16. позиција со 13 бода.

 Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не играше на овој меч поради повреда.